Моделот што ја изгуби десната нога поради токсичен шок од тампони, сега може да ја изгуби и левата
- Детали
- четврток, 21 декември 2017
И покрај тоа што ја изгуби едната нога, нејзината агонија не престанува, таа се соочува со огромни проблеми и болка секојдневно.
Лорен Васер (29) ја изгуби десната нога во 2012 година поради токсичен шок од тампони, а сега докторите ѝ кажале дека најверојатно ќе треба да ѝ ја ампутираат и левата.
Таа говори отворено на темата за да ја поткрене јавната свест на тема носење тампони во време на менструалниот циклус. Синдромот на токсичен шок може да се појави ако го носите тампонот подолго од 8 часа, но Лорен тврди дека не го носела толку долго.
Калифорнискиот модел и покрај состојбата не се откажува од својата кариера и настапува на модни ревии со својата простетичка нога.
https://www.instagram.com/p/BcINjapBPCt/?taken-by=theimpossiblemuse
За жал, по ампутацијата на ногата нејзините проблеми не престанале. Инфекцијата ѝ ја влошува состојбата на левото стапало сè повеќе од ден на ден, трпи огромни болки и докторите и предлагаат ампутација и на левата нога. Лорен има отворена рана и едвај чекори.
„За неколку месеци неизбежно ќе одам да ми ја ампутираат и другата нога. Не можам да сторам ништо околу тоа, но тоа што можам да го направам е да ги предупредам другите за да не им се случи истото и на нив“, изјави таа.
Лорен се обидува преку разни институции да делува за да го поткрене нивото на тестирање на хигиенските продукти.
За нејзината битка и симптомите на синдромот на токсичен шок повеќе прочитајте тука.
С. С. | Црнобело