Ева Лонгорија на 42 години е во 4-тиот месец од бременоста
- Детали
- среда, 20 декември 2017
Ева Лонгорија и нејзиниот сопруг Хозе Бастон се верија во декември 2015-та и веридбата ја прославија во ресторан на врвот на Бурџ Халифа во Дубаи.
Сега, 42-годишната актерка откри дека е во 4-иот месец од бременоста со нивното прво заедничко дете и откри дека очекуваат момче.
Инаку, Ева и Хозе се заедно од 2013-та, а во 2015-та, со фотка на Инстаграм таа им соопшти на фановите дека Бастон ја запросил.
https://www.instagram.com/p/_PNAE3iGpx/
Свадбената церемонија на парот се одржала во куќа покрај езеро во Мексико, а Лонгорија носела 3 прекрасни фустани, дизајнирани од нејзината пријателка Викторија Бекам.
По објавувањето на веридбата, актерката за People изјавила дека е премногу доцна за таа да има деца и дека времето ѝ поминало, но очигледно има голема среќа што го добила овој дар со нејзиниот сопруг, па наскоро очекуваме и фотка од бремената Ева.
М. М. | Црнобело