Магична новогодишна атмосфера во домовите на нашите ѕвезди (фото)
- Детали
- вторник, 19 декември 2017
Од огромни елки до новогодишни колачиња, празничната еуфорија е во полн ек.
Дедо Мраз, новогодишните елки, разнобојните сијалички, подароците и желбите за убав крај на старата, а уште поубав почеток на новата година и тоа како го прават месец декември еден од најубавите во годината.
Ваква магична атмосфера владее и во домовите на македонските познати дами.
Јана Бурческа својата ќеркичка ја фотографираше во скутот на Дедо Мраз, Маја Саздановска на својата ќерка ѝ облече чорпачиња со новогодишен дезен, Тамара Тодевска ѝ ја накити најголемата и најсјајна елка на малата Хана, а Туна Сејдиу му направи професионална новогодишна фотосесија на својот син.
Снеже Велков се одлучи да приготви новогодишни колачиња, а Симона Поповска и Лила Стојановска позираа во секси издание пред елката.
Почувствувајте дел од новогодишната магија во домовите на нашите ѕвезди преку нивните фотографии од Инстаграм:
Тамара Тодевска
Симона Поповска
Јана Бурческа
Туна Сејдиу
Лила Стојановска
Снеже Велков
Маја Саздановска
С. С. | Црнобело