Дознаа една за друга во 2010: Опра Винфри сега ѝ го оствари најголемиот сон на својата полусестра
- Детали
- вторник, 19 декември 2017
Богатството на Опра Винфри е проценето на 2,8 милијарди долари и таа не штеди кога се нејзините сакани во прашање.
Кога Опра Винфри во 2010 година дозна дека има полусестра и дека нејзиниот сон е да дипломира на факултет, медиумскиот могул презеде чекори за тој сон да ѝ го направи јаве.
Таа на својата полусестра Патриша Лофтон ѝ купи куќа од половина милион долари во Висконсин ѝ секој месец и даваше одредена сума пари за да може да ја напушти работата и да ги заврши студиите.
Сега Патриша (53) дипломираше, а Опра (64) беше со неа на универзитетот во Висконсин за да ѝ даде поддршка. Таа објави и фотографија од церемонијата на Инстаграм.
„Мојата сестра, која откри дека е дел од нашето семејство пред 6 години, имаше еден голем сон кога ја сретнав. Да оди на колеџ и да дипломира. Денес тој сон ѝ се оствари. Честитки моја мала сестричке“, напиша Опра во описот на фотографијата.
Опра и Патриша имаат иста мајка Вернита Ли, која исто така живее во Висконсин. Вернита Ли била немажена тинејџерка кога ја родила Опра во 1956, но до одредена возраст ја чувала, а потоа ја испратила да живее со нејзиниот биолошки татко. Патриша била родена во 1963 година и веднаш била дадена на посвојување. Двете сестри дознале една за друга во 2010 година.
Опра со мајка си Вернита Ли
Инаку Опра го запозна светот со нејзината полусестра во една епизода од нејзиното шоу „The Oprah Winfrey Show“ во 2011 година.
https://www.youtube.com/watch?v=8UJuk_eIRmM
С. С. | Црнобело