Џорџина Родригез и мајката на Роналдо споделија нови фотки со малата Алана
- Детали
- вторник, 19 декември 2017
Во домот на португалскиот фудбалер владее прекрасна семејна хармонија пред празниците.
Девојката на Кристијано Роналдо сподели прекрасна семејна фотографија на Инстаграм со нивната ќеркичка Алана Мартина, која ја добија во месец ноември.
Џорџина Родригез на фотографијата ужива во семејната хармонија со португалскиот фудбалер, близнаците Матео и Ева, 7-годишниот Кристијано Џуниор и најновиот член на нивното семејство малата Алана.
Џорџина (23) и Роналдо (32) уживаат во опуштено издание во нивниот дом, двајцата облечени во сива спортска варијанта.
Џорџина во описот на фотографијата напиша дека луѓето на фотографијата за неа љубов и живот значат:
И мајката на Роналдо, Мариа Долорес, исто така сподели фотографија со внучињата. Таа неретко минува време со нив и едноставно ги обожава:
С. С. | Црнобело