9-те најчудни навики на Доналд Трамп

Тој е опседнат со бактерии, тоалетите во Белата Куќа, далечинскиот управувач и себеси.

9-te-najchudni-naviki-na-donald-tramp-01.jpg

Доналд Трамп е навистина ексцентрична личност со многу вештини, па така тој има и некои чудни навики.

Контроверзниот 71-годишен претседател на САД е личност број еден по застапеност во американските медиуми.

Американците направија листа на неговите најчудни навики:

Контрола врз далечинскиот управувач на телевизорот

Трамп е многу строг околу тоа кој може да го допира далечинскиот управувач за телевизорот во Белата Куќа. Само тој и неговиот технички персонал смеат да го користат.

Најчесто се пуштени неговите омилени ТВ канали, меѓу кои е и Fox News.

Дури и за време на состаноците телевизорот најчесто работи за тој да не пропушти нешто од вестите за него.

Диетални пијалаци

Претседателот на САД пие и по 12 лименки диетални пијалаци на ден. Тој наводно има дури и специјално копче на бирото на кое ако стисне треба да му го послужат омилениот пијалак.

Преуредување на предмети

Парчиња хартија или пијалаци, сè мора да биде на свое место на состаноците со Трамп.

Експертите ова го поврзуваат со многуте негови телевизиски гостувања низ годините.

9-te-najchudni-naviki-na-donald-tramp-02.jpg

Опседнатост со хигиена

Тој е опседнат со хигиена бидејќи многу се плаши од бактерии. Во една од неговите книги Трамп открива дека се обидува да ги измие рацете колку што може повеќе пати за да не закачи некоја болест.

Претседателот е толку параноичен што се обидува да избегнува поздравување со рака или притискање на копчето за лифтот.

Страв од незастапеност во вестите

Како што сте забележале досега, Трамп сака да биде во центарот на вниманието.

Кога не е во ударните наслови тој е загрижен и крева паника ако 2,3  дена не се види на вестите.

Нездрава брза храна

Трамп не консумира алкохол и цигари, но сака да се почести со брза храна.

На менито на Белата Куќа неретко има додатоци како сланина и пржени компирчиња.

9-te-najchudni-naviki-na-donald-tramp-03.jpg

Опседнатост со неговата коса

Тој најверојатно ја има најпознатата фризура на планетава во моментов и сака да ја одржи во таква форма.

Трамп не може да го замисли денот без лак за коса.

Покажување на тоалетите на гостите во Белата Куќа

Трамп има навика да ги носи гостите на обиколка во Белата Куќа и секогаш им ги покажува дури и тоалетите. Тој особено е горд на неодамна реновираниот тоалет во близина на овалната канцеларија.

Спиење само по неколку часа на ден

Да се биде претседател е навистина тешка задача, па Трамп нема многу време за спиење. Нему му се доволни само по 5,6 часа сон по работен ден кој може да трае и 16 часа.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шенон Доерти се подготвува за смртта: „Ги продавам сите материјални работи“ „Сега приоритет ми е мајка ми. Знам дека ќе ѝ биде тешко кога ќе умрам пред неа,...
„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Ким Кардашијан го претвори домот во снежна шума, додека ќерка ѝ моли да живее со Канје (фото) Додека во јавноста се шпекулира дека Ким и Канје можеби ќе ги променат правилата...
„Заради неа почна да се бања и да ги чисти забите со конец“: Бред Пит сака деца со девојка му Инес Според извор близок до Бред Пит, актерот, за кој долго се шпекулира дека не воде...
Естетски хирург открива кои се маните на лицето на Анџелина Џоли што не може да се поправат „Жените ја сакаат Анџелина Џоли, а навистина не знам зошто“ – вели познат австра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg