Кејт и Вилијам со децата на лизгалиште за празниците - Дали е сѐ така како што изгледа на прв поглед?
- Детали
- понеделник, 18 декември 2017
Вообичаено, не гледаме многу фотки од семејството за време на божиќните празници, но според овие фотографии, можеме да заклучиме дека тие навистина ќе уживаат во овие празнични денови.
Тие викендов уживале во семејните активности, го посетиле Дедо Мраз, се возеле на рингишпил и се забавувале на лизгалиште.
Но, иако фотките изгледаат како да ги прикажуваат принцот и бремената војвотка во нивни семејни моменти со децата, сепак се работи само за глума од двојници кои личат на нив со цел да прикажат какви активности би имало кралското семејство за божиќните денови.
Нивните двојници се облечени во облека слична на онаа која Кејт и Вилијам ја имаат носено досега, а исто така и двојниците на децата се облечени како нив.
Фотките покажуваат дека „принцот Џорџ“ е облечен во сив капут кој навистина го носел лани на Божиќ, а „принцезата Шарлот“ е прикажана како ужива со „нејзината мајка“ на рингишпил.
За да доловат како семејството ќе ги поминува деновите, нивните двојници отишле во зимски забавен парк каде го поминале цел ден како „кралско семејство“.
Иако се очекува вистинското кралско семејство да го посети зимскиот забавен парк, сепак тие се познати и по други божиќни заеднички активности, како што е пишувањето на важни писма до Дедо Мраз и многу други работи.
Погледнете како би изгледало кралското семејство во празнично расположение:
М. М. | Црнобело