Отворено и искрено: Што мислат славните дами за сопствените гради?
- Детали
- недела, 17 декември 2017
Градите се симбол на женственоста кај припадничките на понежниот пол. Деколтето на познатите ѕвезди, пак, отсекогаш било тема на бројни дискусии.
На таа тема отворено проговорија и десет познати жени, чии искрени, инспиративни и духовити изјави ви ги откриваме во продолжение.
Од Софија Вергара до Памела Андерсон, дознајте што мислат славните дами за сопствените гради:
Ким Кардашијан
„Иако кај мене во прв план е задникот, сопругот (Канје Вест) секогаш вели дека моите гради не го добиваат вниманието кое го заслужуваат.“
Кристина Хендрикс
„Ако нешто може да се научи од мене, тоа е дека учам да го славам она со кое сум родила, иако некогаш ми беше непријатно. Поради големите гради, секогаш имав проблеми да најдам облека која ми одговара, но научив да ги сакам. Бизарно е што луѓето постојано ме прашуваат дали моите гради се природни или вештачки. Толку е очигледно дека се вистински, што секој кој некогаш ги видел или допрел, уште веднаш го знае тоа.“
Софија Вергара
„Нормална девојка едноставно ќе се облече и ќе излезе. Моите гради, пак, мора да бидат наоружани. Фустаните што ги носам се одвнатре изработени како ремек дело, бидејќи имам повеќе од 40 години, родив и носам корпи со F величина. И да, сè уште се прави. Со вештачки гради можете да го отстраните градникот и тие ќе останат совршени и понатаму. Кај мене тоа не е случај, па ми треба помош за да ги подигнам.“
Салма Хајек
„Бев најмлада во своето одделение и на многу девојчиња почнаа да им растат градите, а кај мене ништо. Навистина бев исплашена. На училиште ми се потсмеваа, бидејќи сите беа постари од мене и изгледав како слабо момченце. Отидов со родителите на пат и посетивме црква, чиј светец наводно остварил многу чуда. Кога се вративме во автомобилот, извикнав: Заборавив нешто! Се вратив во црквата, ги ставив рацете во света вода и реков: Те молам, Исусе, дај ми гради! “
Памела Андерсон
„Не мислам дека моите гради се величествени, но нешто се случува кога тие ќе се појават на екранот - како да се прошируваат или слично. Не би правела веќе ништо со нив, бидејќи мислам на своето здравје повеќе од кога и да е порано. Сè на сè, би рекла дека имаа прилично добра кариера. Јас всушност се шлепував со нив.“
Дајан Китон
„Повремено налетувам на своите фотографии од раните 1970-ти, кога не носев градник. Што тоа, по ѓаволите, сум правела? Толку е непривлечно. Моите кутри, мали гради. Сигурно биле збунети. Неодамна се присетив на старите денови со пријателот Елиот Гулд, а тој ми рече: Те паметам од седумдесеттите – имаше мали, обесени ц*циња.“
Кира Најтли
„Не ми е проблем да се сликам топлес, сè додека не ми ги зголемуваат градите со Фотошоп. Важно ми е да испратам порака дека навистина не е важно какво тело имате. Женските тела станаа како боишта, а за тоа делумно е виновна и фотографијата. Нашето општество е толку опседнато со совршени фотографии, што стана тешко да се забележи разликата во облиците на тело.“
Доли Партон
„На некој начин, јас ги изложив сопствените гради. Цел живот имам големи гради, а згора на сè и ги зголемив, па зошто не би продолжила да се забавувам? Сепак, се надевам луѓето денес знаат дека под моите гради се наоѓа и срце, а тоа е една од причините зошто тие се толку големи.“
Зое Салдана
„Секогаш го сакаш она што го немаш. Целиот живот сум опседната со градите. Ги сакам. Не сакам вештачки работи, но не би имала ништо против да си купам силикони пред да умрам. Кога ќе се слушнам маж како вели: Не сакам жена со свиснати гради, си помислувам: Извини, ама ти не си вистински маж. Мажот ја сака жената таква каква што е. Дали си го запознала вистинскиот маж, ќе ти открие начинот на кој зборува за жената.“
Скаут Вилис
„Темите како што се брадавиците, кои во 21-от век и понатаму се табу, доењето во јавност, исмевањето заради дебелината, свеста за ракот на дојката, позитивниот став кон сопственото тело и родовата еднаквост, најдоа свој пат до мејнстрим расправата. За жал, акцентот во медиумите е на сензационалистички приказ на моите гради, најмногу поради презимето. Јас не го одбрав јавниот живот, но тој ми овозможи платформа со која можам да говорам на теми како женското тело. Не се борам за одење топлес или без градник. Се борам за правото на жената да го претстави нејзиното тело како што таа сака. Дека тоа право всушност произлегува од личната желба, а не од стравот како општеството ќе реагира и дали ќе ја осудува. Ниту една жена не би требало да се срами од своето тело.“
М. А. | Црнобело