Рекордерки во слабеење: Славни дами кои ја добија битката со килограмите
- Детали
- сабота, 20 јануари 2018
Додека некои припаднички на понежниот пол мака мачат и со петте килограми вишок, тие се пример дека со решителност и цврста волја, не е проблем да се симнат ниту 20, а богами ни 30. Повеќето од нив одлучиле да ослабат првенствено заради сопственото здравје, а дури потоа и за изгледот.
Откако предминатата година ѝ беше дијагностициран дијабетес тип 2, американската глумица Габури Сидибе се одлучи за намалување на тежината по хируршки пат.
Талентираната 34-годишна актерка со години се обидувала да ги симне килограмите на природен начин. Но, тоа не ѝ поаѓало од рака.
После операцијата, таа во целост ги променила животните навики. Почнала поздраво да се храни, како и три до четири пати неделно да вежба со личен тренер.
Резултатите се и повеќе од видливи. За година дена, таа има ослабено дури 68 килограми. Меѓутоа, тврди дека тоа е само почеток на нејзиниот пат.
На списокот се најде и Клое Кардашијан, ѕвездата на реалното шоу, која последните неколку години ја доведе својата линија до совршенство. Со здрав начин на живот, таа ослабе цели 20 килограми.
Нејзината сестра, старлетата Ким, пак, во два наврати го доведе нејзиното тело во топ форма, иако се здебели десетици килограми во бременоста.
Во битката со килограмите беше успешна и комичарката Мелиса Мекарти, која минатата година призна дека ја намалила тежината за 30 килограми. А, целиот живот се бори со нив и телевизиската водителка Опра Винфри.
Погледнете кои славни дами се меѓу рекордерките во битката со килограмите:
1. Габури Сидибе (68 килограми)
2. Џенифер Хадсон (36 килограми)
3. Мелиса Мекарти (30 килограми)
4. Ким Кардашијан (30 килограми)
5. Кристи Ели (25 килограми)
6. Кели Озборн (22 килограми)
7. Кристина Агилера (22 килограми)
8. Опра Винфри (20 килограми)
9. Клое Кардашијан (20 килограми)
10. Мараја Кери (20 килограми)
М. А. | Црнобело