Што кажува говорот на телото за односот на принцот Хари и Меган Маркл на секое нивно појавување?
Официјална фотосесија
Ова е една од позите која Хари и Меган ја избраа за фотосесијата, но додека сите се фокусираа на позата и гестот на принцот Хари, погледнете како таа го држи за раце.
„Таа секогаш ги држи двете раце врз неговата кога има шанса за тоа. многу е поврзана со него и не сака да го отпушти.“
Враќање назад од фотосесија
Сладок приватен момент за време на јавен спектакл – „Таа ја држи нејзината рака околу неговата половина и повторно не сака да го пушти, таа е целосно обземена од неговата харизма. Ова дефинитивно не е договорен брак.“
Првото заедничко интервју
Меган и Хари се прилично смирени и опуштени на првото заедничко интервју, но снимката „зад камерите“ на интервјуто покажува какви се тие навистина. „Ги истакнуваат разликите и енергијата во врската за разлика од Вилијам и Кејт.
Тие се поопуштени и повеќе се забавуваат заедно. Треба да имате доверба во врската за да бидете вака настроени во јавност.“
Уште едно интервју
Во споредба со тоа какви се Кејт и Вилијам на интервјуата, односно примерни, Меган и Хари може да се забележи дека се поопуштени и покажуваат повеќе емоции, според говорот на телото на Меган.
Нивната прва кралска должност во јавност
На првото соочување на Меган и Хари со јавност и масивна гужва, таа го држи со двете нејзини раце. Таа генерално секогаш го дрежи така и со тоа ја покажува врската и приврзаноста, што е многу поразлично од она што сме го виделе кај другите кралски парови. Таа не изгледа воопшто несигурно, туку се чувствува пријатно и ја одржува конекцијата.
Хари ја „вади“ Меган од гужвата
Хари нежно ја ставил раката на грбот на Меган со што ја води и укажува дека треба да тргнат во друга насока. Но, тоа не го прави нападно влечејќи ја наоколу, туку културно со нежен допир.
М. М. | Црнобело