Што кажува говорот на телото за односот на принцот Хари и Меган Маркл на секое нивно појавување?
- Детали
- петок, 15 декември 2017
Меган Маркл и принцот Хари ја држеа нивната врска во тајност уште од самиот почеток, но неколкупати беа „уловени“ од страна на папараците.
Уште пред официјално да ја соопштат нивната врска, тие беа забележани како се бакнуваат, а потоа заедно беа на спортски натпревар, додека не објавија дека се верени.
Но, она што е интересно, е дека секое нивно појавување може да открие многу за нивниот однос кој досега на нас не ни бил познат.
Експерт за говор на тело, го анализирал нивниот однос на секое појавување, па дознајте каков е нивниот однос според тоа:
Првиот бакнеж пред врската да стане официјална
Ова е момент од самиот почеток на врската на Меган и Хари и тие очигледно не знаеле дека се фотографирани. Хари целосно се навалува над Меган, што е знак на нивната поврзаност.
Првото јавно држење за рака
Тие го прекршија протоколот кога одлучиле да се држат за рака на првото јавно заедничко појавување на Invictus Игрите и овде Хари е „главниот“.
Неговата дланка во горниот дел е малку навалета нанапред, а тоа значи дека покажува кој ја има контролата во моментот. Таа овојпат се води по него, но имало и појавувања кога таа води.
Првото појавување како пар
Според говорот на телото, Меган изгледа споделува тајна со Хари или му кажува нешто што е наменето за само тој да го слушне. А, тоа што таа го прави ова пред камери, кажува многу за тоа колку пријатно се чувствуваат заеднички.
„Приватен“ бакнеж во ВИП делот
На оваа фотографија, Хари и Меган уживаат во церемонијата за затварање на игрите во ВИП делот и не знаат дека има камери, па се однесуваат послободно во „приватна“ атмосфера.
Ова е неофицијална фотографија и го покажува истото како и официјалните, дека нивниот однос е вистински.
Какви се кога се сами?
Оваа фотографија е исто така неофицијална без да знаат дека има камери, а покажува дека немаат тајни еден од друг, одржувајќи ја дистанцата помеѓу нив релативно близу.
Одење кон првата фотосесија
Таа го гледа многу во очите и експертот смета дека ова не е исцениран момент. Луѓето не се гледаат толку многу во очи, освен ако не се длабоко приврзани.