Прва дама на должност: Меланија Трамп во кежуал аутфит ги дарува децата од воените семејства
- Детали
- четврток, 14 декември 2017
Меланија Трамп очигледно добро си ги врши должностите како прва дама во последниов период, па таа оваа година беше дел од кампањата „Toys for Tots“.
Продолжувајќи ја традицијата на нејзините претходници, Трамп им се придружи и им даваше подароци на децата на воените семејства чии родители не можат да си дозволат да им купат подарок за Божиќ.
47-годишната прва дама изгледа среќно што им ја овозможува оваа радост на децата и очигледно ужива во нивно друштво гледајќи ја нивната насмевка.
Во воената база во Вашингтон, Меланија пристигна како и секогаш, во прекрасно издание, овојпат облечена во кежуал аутфит.
Таа изгледаше модерно и шик во светли панталони и впечатлив Prada капут во кралско зелена боја.
Иако Меланија е љубител на Manolo Blahnik и Christian Louboutin чевлите, сепак таа вчера се одлучила за луксузни Gianvito Rossi кожени високи чизми на дебела штикла.
Погледнете како изгледа првата дама на САД на должност:
М. М. | Црнобело