Скромната Росалинда - актерката Талиа на 46 години е неодолива ѕвезда од светски ранг (фото)
- Детали
- среда, 13 декември 2017
Прекрасната бринета е една од најголемите мексикански актерки и пејачки на сите времиња.
Се сеќавате ли на мексиканската теленовела „Росалинда“ од 1999 година? Таа до денес останува еден од најскапите ТВ проекти во Мексико и една од најраспространетите серии во светот, поточно во повеќе од 180 земји.
Ликот на Росалинда го играше прекрасната Талиа (целосно име ѝ е Ariadna Thalía Sodi Miranda). Оваа актерка и пејачка денес има 46 години и изгледа прекрасно.
Таа е една од најуспешните мексикански пејачки во светот и има пеено на многу јазици, покрај на родниот шпански. Светските медиуми неретко ја прогласуваат за кралица на латино поп музиката, а во Мексико пак е позната и како кралица на теленовелите и е најдобро платената актерка во моментов.
Зад себе има многу албуми, награди, а работи и како текстописец, писател и моден дизајнер. Во 2013 година доби и своја ѕвезда на Hollywood Walk of Fame.
Талиа е во брак со музичкиот магнат Томи Мотола од 2000 година и заедно ги имаат ќерката Сабрина и синот Метју.
Оваа моќна жена со завидна кариера и покрај успесите до денес ја задржува скромната насмевка со која ја запознавме како Росалинда:
С. С. | Црнобело