Семејно украсување: Џеј Ло и Алекс Родригез со децата се подготвуваат за првиот заеднички Божиќ
- Детали
- среда, 13 декември 2017
Џенифер Лопез и Алекс Родригез се парот кој оваа година беа во центарот на вниманието со нивната љубов и многу заеднички појавувања.
А сега, тие се подготвуваат за празничната сезона која за првпат ќе ја прослават заеднички како пар.
Во вторникот, Џеј Ло и Алекс беа празнично расположени и објавија фотки на Instagram Story од украсувањето на новогодишната елка заедно со децата.
Во удобен и пријатен аутфит, 48-годишната пејачка блеска покрај нејзините најсакани и очигледно сите уживале во новогодишната атмосфера која ја создале во домот.
https://www.instagram.com/p/BcnrNQ5ACYW/?taken-by=arod
Новогодишна атмосфера во домот на Џеј Ло:
М. М. | Црнобело