Познати личности што ги третираат фановите ужасно
- Детали
- недела, 17 декември 2017
Ријана, Роберт Патинсон, Кристијан Бејл, Ким Кардашијан, Кендал и Кајли Џенер изгледа подзаборавиле на основната култура.
Најчесто познатите личности се експерти во криењето на своите внатрешни демони од нивните фанови, но понекогаш и тие знаат да пукнат.
Дали поради притисокот од презафатениот распоред, здодеаноста да се преправаат дека се добри или некоја друга причина не знаеме, но во некои ситуации тие навистина нè разочараа.
Некои познати личности се познати по дрското однесување:
Ким Кардашијан
Ѕвездата на реалната телевизија откри што мисли за нејзините фанови во порака до нејзиниот поранешен сопруг Крис Хамфрис. За време на разводот нејзините мали нечисти тајни беа откриени, од кои и тоа што мисли за нив.
Таа за обожавателите вели дека се „лековерни“,„глупави имбецили“, „здодевни мали суштества„ и „патетични луѓе без сопствени животи“.
Роберт Патинсон
Ѕвездата на Twilight е позната по лошото однесување со фановите, а еднаш дури беше уловен на камера како турка еден фан. Исто така, за време на снимањето на филмот „Remember Me“ тој одбил да се поздрави со фановите, кои чекале со часови за да се сретнат со него.
Неговиот арогантен став се гледа и во една изјава во интервју од 2013 година:
„Twilight како да е некој паралелен свет со свои фанови, кои формираа мрежа уште првиот ден и тоа на интензивен начин како никогаш претходно. Понекогаш се прашувам себеси што прави оваа маса на луѓе по цел ден. Како само да седат пред нивните компјутери и коментираат за било што поврзано со Twilight“.
Ријана
Ријана ја знаеме девојка со армија обожаватели, но некои нејзини фанови отворено проговорија дека се разочарани од средбата со неа во живо.
Еден поранешен фан откри:
„Мојата колешка и јас добивме влезници за бекстејџ на еден концерт на Ријана, отприлика една година откако беше лансиран синглот „Umbrella“. Кога децата на мојата колешка конечно добија шанса да ја запознаат Ријана, таа седеше во шминкерницата и одби да се запознае со нив, дури не ги ни погледна. Кога ѝ побараа автограм, таа му кажа на танчарот што стоеше до неа да им напише еден лажен и да ги избрка.“
Но, приказните за Ријана не сопираат тука. Тинејџерката Алексис Картер од Балтимор носела фустан за матура, копија на оној на Ријана. Ријана на фотографиите од тинејџерката изреагирала со тажно знакче и ѝ се потсмевала.
На ова Алексис изјави:
„Бев многу навредена, зошто ми одговори така кога го носев комплетно истиот модел како и таа, само позата беше поинаква. Таа не ги сака фановите како што вели дека ги сака.“
— Rihanna (@rihanna) May 9, 2014
И еден војник од Вашингтон по контактот со Ријана ја проценил како незаинтересирана за никого околу себе и вистински сноб кому делењето автограми му е вистинско измачување.
Кристијан Бејл
Актерот е познат по проблемите со бесот. Тој беше снимен како вреска по членовите од неговата екипа на сет, а беше и уапсен и за губење на темпераментот со членови на семејството за време на една турнеја.
Еден негов поранешен соработник вели дека тој е уште полош со фановите. Во една пригода тој наводно довел до солзи едно девојче кое го замолило за автограм, а во друга му се заканувал со смрт на фан.
Кендал и Кајли Џенер
Најмладите од кланот Кардашијан-Џенер се познати по својата нељубезност кон фановите.
Фанови откриваат како по часови минати чекајќи ги Кендал и Кајли од нив не добиле ниту насмевка. Постојат дури и низа видеа посветени на лошиот третман на фановите од страна на Џенер сестрите.
С. С. | Црнобело