Шведското кралско семејство одржа модна лекција во Стокхолм (фото)
- Детали
- вторник, 12 декември 2017
Со раскошни тоалети, масивен накит и тијари на главите женските членови на шведското кралско семејство се вистински мелем за очите.
Шведското кралско семејство одржа раскошна вечера во Стокхолм во чест на доделувањето на Нобеловите награди.
Кралот Карл Густаф и кралицата Силвиjа беа домаќини на овoj социјален настан во Кралската палата заедно со принцезата Викторија и нејзиниот сопруг принцот Даниел, принцезата Меделин и нејзинот сопруг Крис О’Нил и принцезата Софија и нејзиниот сопруг Карл Филип.
Овој настан се одржа по доделувањето на Нобеловата награда за мир на Меѓународната кампања за укинување на нуклеарното оружје.
Инаку членовите на кралското семејство беа почесни гости и на самата церемонија на доделување на Нобеловите награди, па и таму се појавија во прекрасни елегантни изданија.
Стајлинг достоен за пригодата, зарем не?
С. С. | Црнобело