„Тато плаче на телевизија, а Били не“ - Синот на Џими Кимел во неговото шоу по втората операција на срце
- Детали
- вторник, 12 декември 2017
Синот на Џими Кимел, Били, се родил со проблем во срцето и само 3 дена по раѓањето, беше опериран на отворено срце.
Операцијата поминала добро, а за траумата на семејството, Џими Кимел одржа емотивен говор во неговото шоу, во април 2017.
Уште тогаш се знаеше дека на детето ќе му бидат потребни уште неколку операции, па минатата недела поминала и втората.
Во понеделникот, 7-месечното синче на Кимел, се појави во шоуто на неговиот татко за сите да видат дека тој е добро.
„Не бев тука минатата недела, бидејќи момчево имаше операција на срце. Но, погледнете сите, тој е добро, можеби се покака, но добар е.“ - вели во шоуто 50-годишниот Џими сопирајќи ги солзите од очите.
„Тато плаче на телевизија, а Били не... ова е неверојатно. Инаку, тој е супер, му треба уште една операција - ова е прекрасно, имаше операција пред една недела. Тие велат дека веројатно ќе освои најмалку бронза на Олимписките игри во 2036.“ – продолжува тој.
Погледнете го целото видео од Џими Кимел и неговото синче Били:
М. М. | Црнобело