По ампутацијата на ногата, Викториа Модеста се претвори во латвиската Лејди Гага (фото)
- Детали
- понеделник, 11 декември 2017
„Хипнотизирана сум од слободата што ми ја даде мојата простетска нога, моето животно патување започна токму во тој миг.“
Викториа Модеста (29) од Латвија е мултимедиски изведувач, диџеј, креативен директор и поддржувач на модерните технологии. Таа е вљубеничка во авангардното, науката и технологијата, а тоа го прикажува и преку нејзините уникатни настапи кои се вистинска уметност.
Нејзините моќни перформанси и гламурозниот стајлинг ги натераа медиумите да ја споредуваат со Лејди Гага.
Но, интересно е што латвиската ѕвезда, родена во Русија, ја започнува својата кариера и тргнува да ги следи своите соништа по една тешка животна битка.
Поради невнимателност еден доктор при нејзиното раѓање ѝ ја оштетил левата нога. Сето тоа одвело до 15 болни операции на возраст од 6 до 12 години, но ништо не ѝ помогнало. Нејзиното детство минало во болка и реконструктивни операции, кои никако не ја ослободувале од пеколните маки.
По долги години борба, на 20-годишна возраст Викториа кончено се одлучила да направи ампутација на ногата до коленото. Оваа тешка одлука комплетно ѝ го променила животот на подобро.
„По ампутацијата на мојата оштетена нога започнав да водам исполнет живот и физички и психички“, изјави Модеста за магазинот The Independent.
Операцијата станала симбол на нејзината слобода да го брка својот сон да стане изведувач.
„Се чувствувам како нова личност, комплетно сум инспирирана, а моја простетска нога ми овозможи живот каков што отсекогаш посакував. Сакам да го стопам мојот музички и моден израз со мојот физички идентитет и се чувствувам одлично околу тоа. Од потиштетна девојка се претворив во сонувач.“
Запознајте ја оваа инспиративна девојка:
С. С. | Црнобело