„Јогата ми е во крвта“ - Како Меган Маркл го одржува телото во форма?
- Детали
- понеделник, 11 декември 2017
Меган Маркл, можеби го освоила срцето на принцот Хари заради тоа што е паметна, талентирана и хуманитарец кој инспирира, но да бидеме реални, нејзиното згодно тело, сигурно исто така играло улога на почетокот.
Меган е фан на споделување фитнес рутини и начин на исхрана, како на Инстаграм, така и на блогот за животен стил кој го водеше, но неодамна го затвори.
Во интервју за Best Health Mug, таа зборувала за нејзината љубов кон јогата и за нејзиниот животен стил и направила фотосесија со неколку јога пози.
https://twitter.com/meghanmarkle/status/719973814755438593
Меган е љубител на јогата уште од нејзината 7-годишна возраст, благодарение на нејзината мајка:
„Мајка ми беше јога инструктор, па јогата ми е во крвта. Има многу бенефити кога станува збор за јогата – зголемена флексибилност и зајакнување на мускули, поголема среќа, зголемен ментален фокус, способност за релаксирање, намалена анксиозност и подобар сон.“
Иако и останатите членови на кралското семејство, како што се принцовите Хари и Вилијам и Кејт Мидлтон, се фанови на спортот, сепак Меган е единствениот член со љубов кон јогата и толку голема флексибилност.
М. М. | Црнобело