Впечатлива трудница: Криси Тајген во гламурозен розов фустан во Осло (фото)
- Детали
- понеделник, 11 декември 2017
Моќниот пар е подготвен да му посака добредојде на второто дете во новата година, кое ќе биде радост за нивната 19-месечна ќеркичка, Луна.
Криси Тајген досега неколкупати го покажа трудничкото стомаче, а во неделата, згодната трудница беше забележана со сопругот на банкетот по повод Нобелова награда во Осло.
32-годишниот модел се појави во долг, кадифен, розов фустан, со отвор кај градите, а Џон во класично црно одело со бела кошула и црна лептир машна.
Елегантниот пар изгледаше прекрасно и блескаше на настанот, а нешто што камерите исто така уловиле е раката на Џон ставена на задникот на неговата згодна сопруга.
Погледнете ги гламурозните Криси и Џон на академската прослава во Осло:
М. М. | Црнобело