Baby shower како чајанка - Бремената Џесика Алба блескаше од среќа (фото)
- Детали
- понеделник, 11 декември 2017
Додека најблиските ја опсипуваа со најубави желби, убавата мајка блескаше и им благодареше што постојат во нејзиниот живот.
Џесика Алба со семејството и пријателите го прослави претстојното доаѓање на свет на нејзиното трето дете.
Забавата ја организираa нејзината мајка Кеjти Алба и нејзината пријателка Кели Соер. Тематската baby shower се одржа во Беверли Хилс.
Забавата беше организирана како чајанка, а во декорацијата на просторот имаше сребрени и златни балони, како и цветни мотиви. 35-те гости уживаа во прекрасни колачиња и торта.
35-годишната актерка изгледаше шик во црн фустан и со црна лента на главата во стилот на Одри Хепберн. Во својот мини говор Алба им се заблагодари на присутните, кои во одреден миг од животот ѝ биле вистинска поддршка, и сите ги прогласи за свое семејство.
Почувствувајте дел од атмосферата на чајанката:
С. С. | Црнобело