„Не е ментално здраво“: Адријана Лима револтирана, реши дека веќе нема да се соблекува без причина
- Детали
- понеделник, 11 декември 2017
Ангелот на Victoria’s Secret, Адријана Лима, изјави дека е подготвена да престане да го покажува нејзиното тело без причина.
Во долга порака напишана до нејзина пријателка, која ја објави на Инстаграм во саботата, 36-годишната Лима објасни дека нешто во неа се променила и одлучила дека ѝ е доста од притисокот кој општеството го наметнува за тоа како треба да изгледаат жените.
Моделот вели дека и самата таа има свои несигурности кои не се плаши да ги признае и дека нејзината работа создава голем притисок.
На Лима очигледно ѝ се смачило од начинот на кој живее според наметнати правила, па одлучила да го промени светот, а промената да започне од неа.
Прашањето кое сите ги „мачи“ е дали тоа значи дека таа ќе се откаже и од Victoria’s Secret, бидејќи не кажува ништо конкретно за тоа, туку само вели деке се одлучила на промената и дека нема да се соблекува за празни причини.
До Инстаграм постот со пораката, Лима напиша:
„Добив повик за можност на снимање секси видео од мене кое ќе биде објавено и споделувано на социјалните медиуми. Иако досега имам направено многу вакви, нешто се промени во мене, кога пријателка ми пријде и сподели со мене дека е несреќна со нејзиното тело, па тоа ме натера да се замислам... дека секој ден од мојот живот, јас се будам мислејќи како изгледам. Дали ќе бидам прифатена во мојата работа? И во тој момент сфатив дека повеќето жени веројатно се будат секое утро обидувајќи се да се вклопат во стереотипот кој општеството/социјалните мрежи/модата го наметнува. Си помислив дека тоа не е начин на живот и дека тоа не е физички и ментално здраво, па одлучив да ја направам таа промена... Веќе нема да ја соблекувам облеката од мене за празни причини...“
https://www.instagram.com/p/BcfbxASB6jK/?taken-by=adrianalima
М. М. | Црнобело