Никогаш не е доцна да станете принцеза - 5 докази дека соништата се остваруваат
- Детали
- понеделник, 11 декември 2017
Како малечки, читајќи ги бајките на браќата Грим, скоро сите се замислувавме како принцези.
Грејс Кели, популарната актерка со рафиниран изглед и добитничка на престижната награда Оскар стана кралица на Монако, освојувајќи ги срцата ширум светот.
Таа беше само уште еден доказ дека како една навидум „обична“ девојка може да стане принцеза.
Следуваат уште неколку слични примери каде што љубовта ги победила строгите кралски правила:
Принцот Хари од Велс и актерката Меган Маркл
Тие веќе ги преполнија страниците на печатот и се нашето секојдневие на интернет.
Меган Маркл пораснала во нормално семејство, нејзината мајка работи како инструктор по јога, а татко ѝ во телевизиска куќа. Меган ѝ е позната на јавноста најмногу по улогата во хит серијата Suits.
Се запознала со принцот Хари во 2016 година во Лондон, преку заеднички пријатели. На 27 ноември оваа година ја објавија својата свршувачка, а свадбата е закажана за следната година на пролет.
Меган ја остави својата кариера зад себе во Холивуд и се пресели во Кенсингтонската палата заедно со принцот.
Таа е првата Американка која ќе стане дела од британското кралско семејство по бракот на Кралот Едвард VIII и Волис Симпсон.
Кралот на Бутан Џигме Вангчук и студентката Џетсун Пема
Нивната љубовна приказна започнала многу одамна, кога убавата Џетсун Паме имала само 7 години.
Идниот крал се пошегувал дека кога ќе порасне ќе се ожени за неа – и токму тоа и се случило.
Многу години подоцна кога тие повторно се сретнале, Џигме веќе бил официјалниот крал на Бутан, а Џетсун штотуку дипломирала на Универзитетот во Индија и се вратила во својата татковина.
Нивната љубов ја прославиле со гламурозна традиционална свадба. Традицијата во Бутан налага дека монархот треба да се ожени со неколку жени кои се сестри, но кралот Џигме се изјаснил дека нема да го следи примерот на својот татко (кој се оженил со 4 сестри), и дека Џетсун ќе биде неговата единствена сопруга.
Муслиманскиот принц Рахим Ага Кан и топ моделот Кендра Спирс
Семејството Ага Кан крунисано од страна на кралицата Елизабета II нема своја матична држава, но води мултимилионски бизнис и муслиманска заедница.
Постои само еден обичај во фамилијата – да се избираат убави жени за сопруги од холивудските кругови. Дури и познатата актерка Рита Хејворт во одреден временски период му била сопруга на еден од принцовите.
Принцот Рахим Ага Кан ја одбрал топ моделот Кендра Спирс за своја сопруга. Во име на љубовта таа ја сменила верата, односно го прифатила исламот и го сменила и своето име – Принцезата Салва Ага Кан, но не ја напуштила својата кариера целосно, бидејќи сè уште се појавува во многу фотосесии.
Принцот од Шведска Карл Филип и ТВ ѕвездата Софија Хелквист
Пред да стане принцеза, Софија работела како келнерка, јога инструктор, учествувала во реално шоу на ТВ, па дури се сликала и топлес за насловната страница на некое списание.
Пред да го запознае својот иден сопруг, Софија волонтирала во Гана, каде што ја основала детска добротворна организација.
Кралското семејство не ја дочекало Софија со изразен ентузијазам, но на крајот конечно се предале. Кралската свадба собрала повеќе од 400 гости, а среќната двојка денес има две дечиња.
Етиопскиот принц Џоел МекКонен и професорката по историја на уметноста Аријана Остин
Двојката се запознала на официјален прием пред 12 години. Принцот пораснал во Рим, каде што живее неговото семејство откако е протерано од Етиопија во 1974 година поради државен удар.
Денес принцот работи како адвокат, а неговата избраничка е професорка по историја на уметност. Свадбата ги следела обичаите на етиопската ортодоксна црква.
(О)Милена | Црнобело