Трудничкото стомаче на Кејт Мидлтон почна да се познава (фото)
- Детали
- четврток, 07 декември 2017
На самитот во Манчестер, Војвотката од Кембриџ блесна во црвен фустан и црно-бел капут.
Трудничкото стомаче на Кејт Мидлтон конечно се забележува. Бремената Војвотка од Кембриџ со принцот Вилијам присуствуваше на Children’s Global Media Summit во Манчестер.
За оваа пригода таа облече црно-бел капут од 583 евра од L.K. Bennett, кој не можеше да го сокрие нејзиното трудничко стомаче.
Кејт блеска во третата бременост и ова е едно од нејзините први појавувања кога стомачето ѝ се познава.
Со принцот Вилијам се поздравуваа и дружеа со низата возбудени дечиња на самитот.
Црвениот фустан можеби го сокри нејзиното стомаче, но струкираниот капут не успеа во тоа:
С. С. | Црнобело