По борбата со хероинот, ѕвездата на „Сам дома“ изгледа здраво и вљубено во Париз (фото)
- Детали
- четврток, 07 декември 2017
Љубовта му дава сила на Меколи Калкин да се избори со зависноста од хероин.
Во иконскиот филм „Сам дома“ тој беше оставен сам во Америка, кога неговите родители отпатуваа во Париз за Божиќ.
Детето ѕвезда од овој филм, Меколи Калкин, денес има 37 години и многу животни битки со дрогата зад себе.
Сепак работите почнаа да одат по нагорна линија за него откако е во врска со актерката позната по филмот „The Social Network“ Бренда Сонг (29). Тие се четири месеци заедно, а периодов минуваат незаборавни мигови во градот на љубовта Париз.
Во шик изданија парот, вљубен и фатен за рака, се шеташе по улиците на француската метропола.
Многумина во изминатите години беа загрижени за здравјето на Меколи, но сега тој изгледа подобро со некој килограм плус на себе.
Очигледно успеал да се справи со зависноста од хероин, со која го достигна дното во 2012 година.
Калкин и Сонг блескаат од љубов:
С. С. | Црнобело