5 актери кои изненадуваат со своите одлични танцувачки способности
- Детали
- петок, 08 декември 2017
Тие не само што се талентирани за глума, туку владеат и со танцувачкиот подиум.
Не секој актер умее добро да танцува, но овие петорица го прават тоа толку добро, што нема да успеете да го тргнете погледот од нив ниту една секунда.
За Ченинг Татум можеби и не сме премногу изненадени, но тоа не значи дека нема да му го посветиме заслуженото внимание, слично како и за останатите четворица актери со одлични танцувачки способности, меѓу кои се издвојуваат:
Крис Месина
43-годишниот актер познат по улогата на докторот Дени Кастелано ги покажа своите одлични танцувачки способности во неколку епизоди во серијата The Mindy Project.
Ченинг Татум
Magic Mike – и кажано е сè! За оние кои ја следат неговата кариера од поодамна, веројатно се сеќаваат на првиот дел од Step Up, каде што глумеше и танцуваше заедно со својата сегашна сопруга Џена.
Џозеф Гордон-Левит
Ѕвездата на 500 days of Summer покажа дека умее да глуми, да удира на тапани и да танцува во познатото шоу Saturday Night Live.
Кристофер Вокен
Ексцентричниот актер покажа сè што знае и умее на „подиумот“ во спотот за песната Weapon of Choice на бендот Fatboy Slim.
Сем Роквел
Mr. Right е вистинскиот избор не само за ТВ екраните како актер, туку и како личност со одлични танцувачки потези.
https://www.youtube.com/watch?v=52iI1Gxo4c8
(О)Милена | Црнобело