Заводничката Руби – актерката Барбара Мори на прагот од 40-тата изгледа неверојатно (фото)
- Детали
- среда, 06 декември 2017
Барбара Мори периодов работи со полна пареа, заработува одлично и ужива во миговите минати со нејзината внука Мила.
Во февруари 2018 година Барбара Мори ќе го прослави својот 40-ти роденден, но годините само како да ѝ одат во прилог на оваа актерка. Заводничката што ја запознавме како сексапилната Руби во истоимената серија, денес е уште поубава.
Таа во 2005 година доби награда за најдобра главна актерка токму за улогата на Руби.
Уругвајско-мексиканската актерка, модел, продуцент и писател водеше битка со ракот, но, за среќа, ракот ѝ беше дијагностициран во рана фаза и таа излезе како победник. За оваа битка Мори говори во документарниот филм од 2010 година „1 a Minute“.
Нејзиниот син Серхио има 19 години, но таа никогаш не стапи во брак со неговиот татко. Серхио ја има 1-годишната ќерка Мила.
Барбара има линија за долна облека, во Мексико организира хуманитарни настани за жените кои се борат со рак и има завидна заработувачка на годишно ниво.
Дел од нејзините најнови фотки на Инстаграм:
С. С. | Црнобело