Првата насловна страна на Џорџина Родригез и Алана Мартина
- Детали
- вторник, 05 декември 2017
Алана Мартина, ќеркичката на Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез се роди на 12-ти ноември и донесе среќа во семејството на фудбалерот.
Првата слика од неа беше во болница кога Кристијано ја соопшти веста, иако таму не се гледаше нејзиното лице, а неколку дена подоцна Џорџина објави уште една фотка со Алана Мартина.
Но, сега, ексклузивно, за првпат 22-годишната мајка се појави на насловна страница заедно со нејзината ќеркичка, каде јасно се гледа нејзиното лице и изгледа преслатко.
Џорџина и Алана Мартина ја красат насловната на шпанскиот магазин HOLA, кој им направи посебна фотосесија како и интервју во кое таа зборуваше за љубовта и врската со Роналдо, како и за бременоста и уште многу други детали за животот.
Таа вели дека искуството со бременоста било поинакво отколку што замислувала, но породувањето како и очекувано, поминало многу лесно, брзо и едноставно.
За врската со Роналдо, Џорџина вели дека оди одлично, односно подобро од кога било.
Девојката на фудбалерот зборуваше и за децата: „Децата се наша радост. Се будиме и првото нешто што го правиме е прегратка и бакнежи со нив, се грижиме за нив за сѐ што треба.“
Парот е очигледно многу среќен и ужива во семејните моменти, а наскоро се надеваме дека ќе ја видиме целата фотосесија со Алана Мартина.
М. М. | Црнобело