Џенифер Лопез со совршен есенски стајлинг со близнаците (фото)
- Детали
- вторник, 05 декември 2017
Џенифер Лопез ја обожава улогата на мајка, па дури и работните обврски не ја спречуваат да минува време со децата.
Таа е пејачка, има хит ТВ шоу, одлична филмска кариера и успешна продукциска компанија. Но, Џенифер Лопез секогаш пронаоѓа време за нејзината омилена улога – мајка.
Дури и во работните часови таа се дружи со своите дечиња. 48-годишната ѕвезда на паузата од снимањето на филмот „Second Act“ со колешката Ванеса Хаџенс во Њујорк беше забележана со нејзините 9-годишни близнаци Макс и Ема.
Во оваа пригода Лопез носеше софистициран шик аутфит, од кој најмногу внимание привлекуваше нејзиниот црвен капут. Убавата бринета зрачи со сексапил дури и во класични изданија.
Инаку „Second Act“ е романтична комедија, која ќе ја погледнеме во кино салите во 2018 година.
Почувствувајте дел од атмосферата на паузата од снимањето:
С. С. | Црнобело