Како изгледаат модерните свадби во кралските семејства низ светот?
- Детали
- среда, 06 декември 2017
Со веста за свршувачката на принцот Хари и Меган Маркл, сите луѓе, но и медиумите се опседнати како со нивната свадба, така со сите работи поврзани со кралското семејство.
Но, британското кралско семејство иако е најпопуларно, сепак не е единствено.
Низ светот има многу кралски семејства и свадби на принцови и принцези со прекрасни церемонии кои предизвикуваат многу внимание.
Како изгледаат кралските свадби во земјите низ светот:
Велика Британија: Свадбата на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон
Нивната свадба се пренесуваше во живо на YouTube каналот на кралското семејство и ја следеле 72 милиони луѓе, а на свадбата присуствувале 1.900 гости.
Мароко: Свадбата на принцот Мулај Рашид и Ум Келтум Буфарес
Нивната свадба се одвивала според мароканските традиции и траела 2 дена. На фотографијата младоженците се опколени со роднини при ритуал за кој се смета дека носи среќа.
Германија: Свадбата на принцот од Хановер Ернс Аугуст и Кетрин Малишева
Свадбата се одржала во главната црква во Хановер, а церемонијата заврши како бајка – младоженците се качиле во кочија и отишле во замокот за приемот.
Брунеи: Свадбата на принцезата Хафиза Сурурул и Мухамад Рузани
Принцезата Хафиз е ќерка на султанот на Брунеи, еден од најбогатите луѓе на планетата и не е изненадувачки што свадбата се истакнуваше со неверојатен луксуз, а церемонијата траела повеќе од еден ден.
Белгија: Свадбата на принцот Амадео од Белгија и Елизабета Мариа Розбох фон Волкенштајн
Свадбата на внукот на кралот на Белгија и италијанската аристократка се одржала во татковината на невестата, во Рим. Парот добил благослов од Папата и на свадбата присуствувале многу кралски семејства.
Шведска: Свадбата на принцезата Викторија и Даниел Вестлинг
Свадбата на принцезата Викторија и нејзиниот личен тренер била толку прекрасна и голема, што била нарекувана „најголемата кралска свадба од свадбата на принцот Чарлс и Дијана“.
М. М. | Црнобело