Провокативна трудница: Криси Тајген полугола во кујна
- Детали
- понеделник, 04 декември 2017
Криси Тајген не е од оние кои го држат животот во приватност и е секогаш многу опуштена и природна.
Во ноември оваа година, таа и нејзиниот сопруг Џон Леџенд со слатко видео со нивната ќеркичка Луна соопштија дека го очекуваат нивното второ дете, а неколку дена подоцна, беа забележани на состанок, додека Криси умешно го прикриваше стомачето.
Сепак, таа вчера, на нејзиниот Инстаграм профил одлучила да објави неколку фотки и да покаже колку пораснало нејзиното трудничко стомаче.
32-годишната мајка позирала во нејзината кујна, облечена во бел костим за капење со исечоци, држејќи ја раката на стомакот.
Подоцна, ѝ се придружил и Џон на „фотосесијата“, и направиле интересна фотка во која тој среќно го држи нејзиниот стомак.
Она што на некои им привлече внимание се ананасот и месото кои стојат до неа, што многумина го препишаа на желбата за храна заради бременоста.
Моделот подоцна ја објави истата фотка и се пошегува на нејзина сметка: „Кога ќе го обележиш свинското месо на фотката, а не фотографот“.
Во саботата пак, Криси објави друга фотка на која дотерана и елегантна се сликала во црн долг фустан преку кој се оцртува трудничкото стомаче и во описот напиша „Aloha, bebe“.
Претходната недела, таа го прослави нејзиниот 32-ри роденден со уникатна тематска забава инспирирана од '60-ите, каде таа е „маскирана“ како стјуардеса, а на сите свои блиски, викендов им се заблагодари со заеднички фотки на Инстаграм.
;
М. М. | Црнобело