Роденденска забава во авион - Криси Тајген е среќна жена! (фото)
- Детали
- сабота, 02 декември 2017
Моделот организираше „Pan Am“ тематска забава и за својот роденден изгледаше како секси стјуардеса.
Криси Тајген на 30-ти ноември го прослави својот 32-риот роденден. Наместо класична роденденска забава таа ги поведе на „авионски лет“ со себе сопругот Џон Леџенд, мајка си и неколку најблиски пријатели и направи забава инспирирана од 60-тите.
Летот не беше вистински, туку се одржа во тематскиот парк „Pan Am Experience“ во Калифорнија. Но, тоа не го направи настанот помалку атрактивен.
За ноќта од 60-тите Криси облече розов пеплум костим, беретка, шал со точки и црни ракавици, а дури и Џон беше облечен во винтиџ костим.
Меѓу гостите беа и добрите пријатели на парот, Ким Кардашијан и Канје Вест, а Ким во целост со стајлингот ја проследи темата на настанот.
Дури и мајката на Криси беше облечена во овој дух, додека 1-годишната ќерка на парот Луна не беше присутна на забавата.
Криси сигурно долго ќе ја памети оваа уникатна роденденска прослава на која имаше дури и лотарија и винтиџ магазини:
С. С. | Црнобело