Принцот Хари и Меган Маркл на првата кралска должност откако се верија (фото)
- Детали
- петок, 01 декември 2017
Принцот Хари и неговата тазе вереничка Меган Маркл беа топло пречекани како кралски пар, од расположените луѓе во Нотингем.
„Него го сакаме – таа е прекрасна“ гласеше еден од транспарентите кои ги пречека, додека Хари и Меган застанаа да се поздрават со локалците.
Парот беше облечен складно, во тегет-крем комбинации. Меган носеше тегет капут од Mackage и високи чизми. Не носеше ракавици, па нејзиниот веренички прстен светкаше додека ја носеше елегантната чанта.
Принцот Хари исто така одбра тегет комплет од елегантни панталони, кондури и палто, а монотонијата ја разби со кремаст шал.
Парот има задача да го посети добротворниот саем за Светскиот ден на сидата, како и едно училиште во близина.
М. Д. | Црнобело