„Бев несреќна кога бев слаба“: Славни жени кои си се сакаат со некој килограм плус
- Детали
- четврток, 30 ноември 2017
Еден од најпознатите холивудски стандарди за убавина е оној според кој жените секогаш мора да изгледаат слабо. За среќа, во последниве години многу влијателни жени се одлучуваат да го срушат овој стереотип.
Само мал дел од славните жени кои јавно признале дека повеќе си се сакаат со некој килограм плус:
Кели Кларксон
„Бев страшно несреќна кога бев слаба. Однатре и однадвор бев несреќна цели 4 години. Но, на никој не му беше грижа бидејќи изгледав онака како што би требало да изгледам.“
Кејт Винслет
„Сакам да го одржам своето здравје и менталната стабилност, односно сакам да се чувствувам добро и среќно. Плус, сакам да се забавувам. Ако премногу од своето време трошите на погрешни работи како тежината, тогаш заборавате да уживате во вистински забавните работи.“
Адел
„Никогаш не сум ги гледала насловните на магазините и музичките спотови со мисла дека морам да изгледам така за да бидам успешна. Не сакам да бидам слаба девојка чии гради секогаш се во прв план. Навистина не сакам да бидам и не сакам луѓето да ме гледаат како таква.“
Хилари Даф
„Постои огромен притисок секогаш да изгледаш средено и јас веќе на тоа не паѓам. Ги гледаш супермоделите како остануваат бремени и имаат деца, а потоа одат дома и за 1 недела се враќаат на пистата. Тоа не беше исто во мојот случај, некогаш се чувствував одлично, некогаш не. И тоа е сосема во ред.“
Ејми Шумер
„Мислам дека е добро да видиме некој кој ќе каже: Имам стомак и целулит. И понатаму заслужувам љубов и не треба да се извинувам за тоа.“
М. Д. | Црнобело