Меган Маркл – од турист што позира пред Бакингемската палата до член на кралското семејство (фото)
- Детали
- четврток, 30 ноември 2017
Американската актерка, која некогаш ѝ се воодушевувала на Бакингемската палата, стана дел од британското кралско семејство.
Лавината од вести за принцот Хари и неговата свршеница не стивнува, а сега осамна и фотографија од Меган како позира пред Бакингемската палата како 15-годишен американски турист.
Во 1996 година, таа уживала на патување низ Европа и му се воодушевувала на ова кралско здание во Велика Британија, а денес, 21 година подоцна, е свршеница на принцот.
„Таа секогаш го добива тоа што го сака и Хари падна на неа. Меган отсекогаш беше фасцинирана од кралското семејство и сакаше да биде како принцезата Дијана. Не сум шокирана. Изгледа како ова да го планираше целиот свој живот“, изјави дизајнерката на накит Ninaki Priddy, најдобра пријателка на Меган од детството.
Токму таа им ги дала фотографиите од младоста на Меган на британските медиуми.
Меган Маркл со татко ѝ Томас и мајка ѝ Дориа
Инаку Меган и Хари ќе се венчаат во црква во мај и таа ќе аплицира за да стане британски државјанин. Пред венчавката ќе биде крстена во британска црква, а свадбата најверојатно ќе се пренесува на телевизија.
С. С. | Црнобело