Порно ѕвезди и дрога: Животната приказна на Метју Пери за темната страна на славата
- Детали
- понеделник, 27 ноември 2017
Метју Пери стана светски познат во улогата на Чендлер Бинг, благодарение на одличниот хумор. Но, во неговиот приватен живот преовладува трагедија.
Метју Пери додека ја уживаше славата благодарение на снимањето на Пријатели, поминал прилично големи приватни падови. Станал зависен од лекови и претерувал со алкохолот.
Зависноста од лекови против болка започнала откако Метју доживеал несреќа со скутер на вода во 1997-ма година. Лековите му биле препишани за болките да се намалат, меѓутоа Метју по неколку седмици бил убеден дека целиот живот му се подобрил благодарение на нив.
Зависноста на актерот продолжила со злоупотреба и на големи количини на алкохол.
„Од 24 до 34 години снимав Пријатели. Сите шестмина постојано и секаде бевме заедно. Од страна се чинеше дека се ми е перфектно. Всушност, тоа беше прилично осамен период за мене. Страдав од алкохолизам.
Се случуваше и пред да почнам да го снимам хит шоуто, но никој не забележуваше бидејќи не бев некој кој оди по луди журки.“
Во 1997-ма година Метју за првпат се пријавил со центар за рехабилитација.
„Сметам дека не постои ништо на светот со кое не можеш да се соочиш, откако се соочив со зависноста. Тоа беше најстрашната работа која ми се случи во животот.“
Метју ги преплаши фановите и откако ослабе 10 килограми. По 2 недели бил хоспитализиран со дијагноза акутен панкреатит, последица од злоупотребата на апчиња и алкохол (повторно).
На прашањето која му е омилена епизода од целото снимање, Метју искрено одговара:
„Сметам дека точниот одговор е дека не паметам добри 3 години од снимањето заради тоа што не бев свесен. Што значи, ниту една епизода помеѓу 3-та и 6-та сезона.“
„По одреден период сите повторно знаеја, мамурлаците беа толку ужасни што не можев да ги сокријам,“ се сеќава Метју во едно интервју за People магазинот.
Во 2001-ва година Метју повторно се враќа на рехабилитација, а овојпат неговиот тим од менаџери за односи со јавност, јавно ја соопштува битката на актерот.
„Метју сака да го заврши третманот за да може да продолжи да ги забавува луѓето и да ги тера да се смеат. Ги цени сите грижи кои ги имате и ви се заблагодарува за почитувањето на приватноста.“
Метју, кој повторно не успеал во целта да остане трезен, по третпат се пријавува во центар за рехабилитација во 2011-та година.
По ова, актерот стана гласен на темата борба со зависности. Во мај 2013-та му беше доделена наградата „Шампион за опоравување“ од канцеларијата за контрола на дрога, а веќе во 2015-та доби „Феникс“ награда од прочуеното друштво за рехабилитација Phoenix House.
Веќе во ноември 2017-та избива нов скандал со Метју – порно ѕвезда под името Maddy O'Reilly тврди дека ѕвездата од Пријатели се обидел да ја контактира за да набави апчиња.
27-годишната порно ѕвезда тврди дека Метју сосема случајно ја поканил на состанок, а кога го прашала колку ќе ѝ плати, тој одговорил дека сумата зависи од типот на апчиња кои може да му ги набави.
Сега за сега, ништо од овој скандал не е потврдено.
М. Д. | Црнобело