Ексцентрични барања на ѕвездите од кои организаторите превртуваат очи
- Детали
- петок, 24 ноември 2017
Со статусот на ѕвезда, автоматски си доаѓаат и ексцентрични побарувања, на кои организаторите можеби превртуваат очи, но ги завршуваат секако.
Иако е очекувано ѕвездите да побараат личен готвач, масер или батлер само за нив, сепак на ум им паѓаат многу почудни барања.
Одвоивме мал дел од нив:
Шер
Позната по желбата за трансформација, Шер побарала во собата во која престојува да има стотици различни перики. Исто така, и нејзиниот омилен посебен вид на кринови.
Ријана
РиРи сака исклучиво да оди на тепих со леопард принт. Мора да биде чист без трошка, бидејќи обожава да оди боса. Кога се работи за храната, на менито секогаш мора да има чипс, пржени крилца и бел ориз со чиа семки.
Џеј Зи
Џеј Зи не сака собата да му биде потопла од 21,6 степени, а во негова близина не смее да се слуша звук од правосмукалка бидејќи го мрази. Исто така, на располагање мора да има свеќи од специфичен бренд.
Мадона
Мадона сака собата во која престојува да си го донесе мебелот од дома, бидејќи така се чувствува поудобно. По заминувањето од собата, Мадона има тим на чистачи кои ја бришат нејзината ДНК од секое место кое го допрела. Белите рози во собата се бонус.
Мараја Кери
Најразгалената музичка принцеза еднаш побарала нејзината соба да биде полна со 20 бели мачиња и 100 гулаби кога ќе пристигне. Обожава да има латици рози, меки играчки и исклучиво златни чешми.
Кети Пери
Кога Кети Пери пристигнува во една соба, очекува таа да има батлер кој не зборува, фрижидер со стаклена врата, многу божури и исечкано свежо овошје.
М. Д. | Црнобело