Храбри ѕвезди кои се осмелија да станат мајки по 35-тата
- Детали
- петок, 24 ноември 2017
Веројатно, многумина ќе бидат изненадени, но постојат истражувања кои докажуваат дека најдобро е да се родат деца на возраст од 30-35 години.
Ова е возраста кога балансот помеѓу здравјето и социјалната состојба е оптимален. Но сепак, има и такви кои се осмелуваат да останат трудни и да родат дете над 35-тата година.
Во оваа група се наоѓаат и голем број на познати личности, кои се одлучиле на ваков чекор.
Славни жени со голема разлика во годините со нивните деца:
Џенифер Лопез
Таа долго време се обидуваше да добие деца, но не успеа по природен пат, па со ин-витро, роди преслатки близнаци на 38 години.
Хали Бери
Актерката очигледно му се спротивставува на стареењето, а тоа не е само заради фактот што изгледа одлично, туку и што за првпат стана мајка на 41 година, а второто дете го роди на 47 години, за што дури и сама остана изненадена.
Гвен Стефани
Бунтовната пејачка ги роди синовите Кингстон и Зума на возраст околу 40-години, а на 44 години повторно стана мајка и доби трет син.
Селма Хајек
Актерката има изјавено дека отсекогаш сакала деца, но здравјето не ѝ дозволувало, а желбата ѝ се оствари на 41 година.
Мадона
Поп кралицата првпат стана мајка на 36-годишна возраст, а на 41 година го роди и второто дете.
Мараја Кери
Пејачката стана мајка на 41 година, но целиот процес беше многу тежок за неа и се соочи со неколку проблеми за време на бременоста.
Селин Дион
Првиот син пејачката го роди на 33 години, но близнаците Еди и Нелсон ги роди дури на 42-годишна возраст.
М. М. | Црнобело