Меланија Трамп со синот Барон ја пречекаа новогодишната елка за Белата куќа (фото)
- Детали
- среда, 22 ноември 2017
Меланија Трамп ја продолжи традицијата и како прва дама, заедно со синот Барон, ја пречека официјалната новогодишна елка за во Белата куќа.
Воен бенд свирел празнични мелодии додека коњите со 5-метарската елка се приближувале кон Белата куќа.
Откако првата дама и синот Барон ја разгледале и го дале симболичното одобрување, елката била внимателно однесена во Сината соба.
За овој радосен, празничен настан, Меланија објави видео на нејзиниот Твитер профил и се заблагодари за прекрасната новогодишна елка која ќе го краси нивниот дом.
Thank you Silent Night Evergreens in Wisconsin for our beautiful tree! @POTUS, Barron & I are excited for Christmas in our new home! pic.twitter.com/so6HVG1st8
— Melania Trump 45 Archived (@FLOTUS45) November 21, 2017
Погледнете ги фотките од дочекот на елката во Белата куќа:
М. М. | Црнобело