Џорџина Родригез вежба во теретаната на Роналдо 10 дена по породувањето
- Детали
- среда, 22 ноември 2017
Алана Мартина, ќерката на Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез се роди пред само 10 дена, а младата мајка веќе е во одлична форма.
23-годишната Џорџина го покажа нејзиното згодно тело во кратко видео кое го објави на Инстаграм на кое се гледа како таа вежба во теретаната на нејзиното момче во Мадрид.
https://www.instagram.com/p/BbuIHwBhThh/?hl=en&taken-by=georginagio
За видеото, очекувано, таа доби различни реакции – едни ѝ се восхитуваат и ја нарекуваат „жена-чудо“, а други пак, сметаат дека е сѐ уште рано и дека мајката треба уште да одмара.
Шпанскиот модел претходно објави и фотка со членовите на семејството, заедно со близнаците и Алана Мартина и напиша: „Ден за забава со семејството“.
Мајката на Кристијано им се радува на внуците, па пред 1 недела на нејзиниот Инстаграм профил објавила фотка со близнаците, а неколку дена подоцна со малечката Алана Мартина.
Првата фотка со Алана Мартина беше кога Кристијано ја објави веста за нејзиното раѓање, но таа беше целосно скриена, а потоа гордата мајка во домот се сликаше со ќеркичката.
М. М. | Црнобело