Криси Тајген и Џон Леџенд го очекуваат второто дете
- Детали
- среда, 22 ноември 2017
Криси и Џон се пресреќни за приновата и преку видео открија дел од позитивната атмосфера во нивниот дом.
Криси Тајген и Џон Леџенд го очекуваат своето второ заедничко дете. Моделот објави на Инстаграм преку видео снимено со помош на Џон и нивната едногодишна ќерка Луна.
„Луна, каде е“, Тајген ја запраша Луна додека посочуваше на стомакот.
„Бебе“, одговори малечката, а семејството се радуваше во позадина.
Тајген се пошегува во описот на видеото и напиша: „На Џон е!“
31-годишната бринета, исто така, објави фотографија на која се гледа трудничкото стомаче.
„Многу сум возбудена што нема потреба да го кријам ова повеќе. На сите што им кажав на почетокот беа во стилот – ех, знаевме, благодарам.“
Таа неодамна откри дека со пејачот, со кого е во брак од 2013 година, се обидуваат да добијат второ дете преку вештачко оплодување, откако моделот со години се бореше со неплодност. Низ истиот процес тие ја добија и Луна.
Во јануари годинава, Тајген откри дека нивното наредно дете ќе биде момче затоа што тоа е ембрионот што останал, па изгледа дека Луна ќе добие братче.
С. С. | Црнобело