Никој не ја препозна: Знаете ли која убавица е на фотките?
Во прашање е Марија Шарапова, која на изненадување на милионите следбеници на социјалните мрежи, деновиве сподели две фотки каде има црна боја на косата.
Сепак, промената не е долготрајна, туку се работи само за перика, којашто тенисерката ја носела при мистериозна игра со пријателите. За автентичен готски изглед, таа одбра и црни парчиња облека.
На прв поглед, дури ни најверните обожаватели не ја препознаа русокосата сибирска убавица. Притоа, едни тврдат дека Шарапова изгледа одлично како бринета, додека другите се среќни што гренд слем шампионката и понатаму останува во екипата на блондинките.
Русокоса или црнокоса? Како повеќе ви се допаѓа вам?
https://www.instagram.com/p/BY9YDxMDFbO/
М. А. | Црнобело