Меланија Трамп ја засени сопругата на јапонскиот премиер (фото)
- Детали
- понеделник, 06 ноември 2017
Претседателот на САД, Доналд Трамп и првата дама, Меланија, се на првата официјална посета на Азија, а во Јокота, ги дочекаa јапонскиот премиер Shinzo Abe и неговата сопруга Akie Abe.
Меланија и Akie се прошетаа низ продавницата за бисерен накит на Mikimoto во Токио, кој е познат како крал на бисерите, а потоа беа на чај.
Првата дама на САД објави фотка на Twitter и напиша дека уживала во друштвото и денот:
https://twitter.com/FLOTUS/status/927057004639727617/photo/1?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=http%3A%2F%2Fwww.instyle.com%2Fnews%2Fmelania-trump-japan-fendi-coat
Иако поводот за посетата на претседателот и првата дама е официјален и политички, сепак Меланија успеа да остане во центарот на вниманието, благодарение на нејзиниот изглед.
Таа уште еднаш докажа дека е една од најдобро облечените први дами, а мора да признаеме дека ја засени сопругата на премиерот на Јапонија, барем кога гледаме од моден аспект.
Akie, за средбата одбрала дезенирано здолниште со „А“ крој до под колена и бела кошула, а стајлингот го зачинила со црн голем колан и црни чевли со дебела штикла.
47-годишната Меланија пак, изгледаше сензационално во елегантен и шарен Fendi капут со цветни детали, а под него носеше црн топ и кожено здолниште, комбинирано со високи штикли на Manolo Blahnik.
Вечерта пак, Меланија се појави во тесен црн аутфит со сатенски колан околу половината.
Пред заминувањето во Јапонија, Меланија и Доналд беа на Хаваи во посета на Pearl Harbor да им оддадат почит на американските војници кои загинале во јапонското бомбардирање.
За оваа посета, Меланија избра целосно бел аутфит – класичен фустан со тенок црн колан на Christian Dior и високи штикли со дезен.
Погледнете ги сите аутфити на првата дама:
М. М. | Црнобело