Славни жени кои имаат над 40 години, не се во брак и ништо не им недостасува

Дури и во најразвиените и напредни општества сè уште владее мислењето дека е страшно ако жената не е мажена по 40-тата година.

slavni-zheni-koi-imaat-nad-40-godini-ne-se-vo-brak-i-nishto-ne-im-nedostasuva-01.jpg

Но, Холивуд е доказ дека жените можат да бидат успешни и без брак.

Погледнете кои славни дами кои имаат над 40 години не се во брак, а се среќни, успешни и ништо не им недостасува:

Ева Мендес – 43 години

Ева Мендес никогаш досега не била во брак. Таа е во 6-годишна врска со актерот Рајан Гослинг со кого има две ќеркички. Таа не се брза да ја официјализира врската, ниту пак ѝ е важно што мислат другите по ова прашање.

slavni-zheni-koi-imaat-nad-40-godini-ne-se-vo-brak-i-nishto-ne-im-nedostasuva-02.jpg

Наоми Кемпбел – 47 години

Никој не би ѝ дал на популарната манекенка Наоми Кемпбел 47 години. Како што поминува времето, изгледа сè подобро. Сега засега, нема изгледи дека прекрасниот модел планира брак.

slavni-zheni-koi-imaat-nad-40-godini-ne-se-vo-brak-i-nishto-ne-im-nedostasuva-03.jpg

Кајли Миног – 49 години

Иако наредната година, славната Австралијка ќе ја „раситни 60-ката“, Кајли нема намера да се мажи набрзо. И покрај тоа, познатата пејачка изгледа одлично и има успешна музичка кариера.

slavni-zheni-koi-imaat-nad-40-godini-ne-se-vo-brak-i-nishto-ne-im-nedostasuva-04.jpg

Кристин Дејвис – 52 години

Кристин Дејвис, позната по својата улога на Шарлот Јорк во култната серија „Сексот и градот“ ја нема истата судбина во приватниот живот како нејзиниот лик. На 52 години, таа сè уште не е мажена.

slavni-zheni-koi-imaat-nad-40-godini-ne-se-vo-brak-i-nishto-ne-im-nedostasuva-05.jpg

Шарлиз Терон – 42 години

Убавицата Шарлиз Терон веќе ја помина 40-тата, но и покрај тоа е една од најбараните актерки во Холивуд. Иако не е во брак, таа има две посвоени дечиња, Џексон и Аугустус.

slavni-zheni-koi-imaat-nad-40-godini-ne-se-vo-brak-i-nishto-ne-im-nedostasuva-06.jpg

Винона Рајдер – 45 години

Актерката Винона Рајдер на свои 45 години сè уште не е мажена, а нејзината најпозната љубовна врска досега беше со Џони Деп. Славниот актер дури го имал истетовирано нејзиното име, но врската не успеа.

slavni-zheni-koi-imaat-nad-40-godini-ne-se-vo-brak-i-nishto-ne-im-nedostasuva-07.jpg

Опра Винфри – 63 години

Највлијателната жена од телевизијата, познатата Опра Винфри е во врска со Стедмен Греам повеќе од 20 години. На 63 години, Опра сè уште не планира да ја официјализира оваа врска.

slavni-zheni-koi-imaat-nad-40-godini-ne-se-vo-brak-i-nishto-ne-im-nedostasuva-08.jpg

Тајра Бенкс – 43 години

Супермоделот Тајра Бенкс веќе ја помина 40-тата година од животот, а сè уште не е во брак. Таа неодамна раскина со своето момче Ерик Асла, со кого го има детенцето Јорк, родено со помош на сурогат-мајка.

slavni-zheni-koi-imaat-nad-40-godini-ne-se-vo-brak-i-nishto-ne-im-nedostasuva-09.jpg

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Тврди дека 9 години немал секс, се чува за вистинската – Помалку познати факти за Лени Кравиц Потекнува од семејство на познати родители, но на почетокот на кариерата морал д...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
„Не сакам да сум сопруга, туку девојка“: Шакира и уште 4 славни кои не сакаат да стапат во брак Шакира никогаш не била во брак, а Џејн Фонда смета дека сама може да направи пов...
Му рекле дека умира од рак, се ожени за 38 години помлада жена – Каде е и што прави денес Долф Лундг... Во 2021-ва година му рекле дека има само уште неколку години живот, но благодаре...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg