Бил Гејтс јаде бургери, а Барак Обама лосос: Што ручаат познатите?
Жизел Бундшен
Најплатениот модел на светот се храни исклучиво со здрави оброци. Во нејзиниот дом, не може да се најдат производи кои содржат брашно или шеќер, а одгледува зеленчук и овошје во градината.
Арнолд Шварценегер
Оваа легенда очигледно засекогаш ќе се грижи за своето тело и изглед. Тој во неговата исхрана секогаш вклучува протеини, масти и јаглехидрати.
Опра Винфри
Легендарната телевизиска ѕвезда на Америка, почитува здрава исхрана и избегнува непотребни грицки и ужинки, а нејзиниот ручек е секогаш ист – супа и салата.
Дејвид Бекам
Иако тој веќе не се занимава професионално со спорт, сепак поранешниот фудбалер се грижи за неговата здрава исхрана. Тој постојано внесува голема количина на протеин, без многу маснотии и комплексни јаглехидрати за еенргија.
Мајкл Фелпс
Светскиот шампион во пливање не сака да си скрати од ништо. Необичната исхрана на пливачот вклучува многу калорична храна и дневно тој внесува околу 12.000 калории.
М. М. | Црнобело