Бил Гејтс јаде бургери, а Барак Обама лосос: Што ручаат познатите?
- Детали
- сабота, 28 октомври 2017
Сигурно и вие како и сите останати, некогаш сте помислиле дека славните и богатите личности јадат само скапи специјалитети.
Но, всушност, и тие се само „обични луѓе“ како сите нас и сакаат да уживаат во секаков вид на храна.
Некои од нив се љубители на брза храна, некои пак сакаат риба, трети практикуваат да јадат што е можно повеќе зеленчуци.
Дознајте кои се различните вкусови на познатите личности и што тие сакаат да јадат:
Бил Гејтс
Најбогатиот човек е голем фан на брза храна и оброците често му се состојат од чизбургер и лименка Coca Cola, а за бизнис состаноци бира ресторани со јапонска храна.
Мадона
Нејзината неверојатна фигура се должи на веганската исхрана, а здравата исхрана пејачката ја практикува дури и за десерт – наместо благо, таа јаде свеж морков или чај од ѓумбир.
Стивен Кинг
Ручекот на писателот најчесто се состои од стек и пржени компирчиња. После ручекот, тој седнува да работи со шолја кафе и парче домашна чизкејк.
Џулија Робертс
Прекрасната актерка се грижи за своето тело и здравје, но таа исто така ужива во храната. Оброкот често и се содржи од салата со пилешко месо, а за вечера си дозволува едно колаче и чаша вино.
Барак Обама
Ручекот на поранешниот претседател на САД е секогаш здрав, хранлив и вкусен, иако знае да се случи и тој да нарача чизбургер со помфрит понекогаш.