Каснете 3 залчиња, па направете пауза: Бонтон правила кои Кејт Мидлтон ги следи на свечените настани
Држете ја чашата за вино за дршката
Чашата за вино секогаш се држи за дршката за да не го стоплите виното со рацете и да ја смените неговата температура. Околу една третина од чашата треба да биде полна.
Ако носите кармин на усните, треба да пиете само од едно место на чашата за да не направите „прстен“ со траги од карминот.
Превиткајте ја салфетката на правилен начин
Не треба да ја ставате салфетката во скутот сé додека тоа не го направи домаќинот на настанот. Кога сакате да се избришете, тоа треба да го направите во превитканиот дел за да не се гледаат дамките и да не си ја извалкате облеката кога ќе ја спуштите во скутот.
Земете три залчиња, па направете пауза
Војвотката секогаш зема три залчиња, па го спушта приборот. Ако јадете супа, повлечете со лажицата кон надворешната страна.
Држете го ножот во десната рака, а виљушката во левата
И тука важат истите правила. Сечете со ножот со десната рака, а јадете со виљушката со левата рака и престанете по три залчиња, па потоа продолжете. Кога Кејт Мидлтон завршува со јадење, ги става ножот и виљушката дијагонално на чинијата.
Не најавувајте дека ќе одите во тоалет
Само извинете се, а кога ќе станете, полека спуштете ја салфетката на масата.
Бањата треба да биде совршено средена
И за бањата на домаќинот на настанот постојат строги правила:
Шолјата за чај и шолјата за кафе се држат различно
Држете ги шолјата за кафе и шолјата за чај на различен начин:
Совет: Не го кревајте малиот прст бидејќи тоа делува претенциозно.
Не им дозволувајте на гостите да помогнат со садовите
Добриот гостин секогаш треба да се понуди да помогне со средувањето на садовите на крај, но вие како домаќинка треба само да се заблагодарите за понудата и сами да го средите тоа.
М. В. | Црнобело