Каснете 3 залчиња, па направете пауза: Бонтон правила кои Кејт Мидлтон ги следи на свечените настани
- Детали
- вторник, 17 октомври 2017
Кејт Мидлтон живее живот за кој многумина сонуваат. Сигурно секој од нас понекогаш посакал да живее во палата, да носи елегантна дизајнерска облека, да има асистенти и помошници и слично.
Иако не е можно да го живееме животот што го живее Кејт Мидлтон, можеме да научиме некои бон-тон правила кои така ги следи кога организира некој настан. Познато е дека Кејт сака да готви и да ги послужи гостите кога организира некој настан, а и самата е гостин на многу важни настани во текот на годината.
Испратете покана со податоци за настанот
Во поканата треба да стои место, време на почеток на настанот и време кога завршува настанот за гостите да не останат предолго.
Подгответе се навреме
Никој не сака да се брза и да се подготвува непосредно пред да почне настанот. Затоа, наместете ја масата претходниот ден и подгответе ја храната која може да се подготви еден ден однапред.
Така ќе бидете порелаксирани на денот на настанот и нема да се брзате пред да дојдат гостите.
Правилно наместете ја масата
За формални настани, поставете ги чиниите на околу 4 центиметри од крајот на масата. Убаво е да ставите и салфетка со елегантен држач во средина.
Потоа наредете го приборот за јадење. Чашите за вино треба да бидат на горната десна страна, приборот за леб и путер над чините лево, а останатиот прибор од двете страни на чиниите соодветно.
Поздравете ги гостите со бакнеж и цврсто ракување
За поздравување со гостите, војвотката ги следи вообичаените правила. Пријателите и блиските познаници ги поздравува со бакнеж во образ и цврсто ракување.
Ако сакате да бидете добар гостин, не доаѓајте порано на настанот. За коктели, најдобро е да дојдете 10-15 минути по договореното време на почеток, а за вечера, дозволени се 5-10 минути задоцнување.
Започнете со послужување на предјадење
Секоја вечера се почнува со послужување на предјадење. Предјадењата треба да бидат мали порции што се јадат во еден залак. Вклучете и вегетаријанска опција.
Послужете ги предјадењата на салфетка и со чепкалка за заби.
Направете краток разговор со гостите пред да почне вечерата
Вашата задача како домаќин на настанот е да зборувате со секој гостин за сите да се чувствуваат пријатно и убаво. Зборувајте за нешто што ви е заедничко и преминете на другиот гостин.
Сето ова треба да се направи пред да седнете да вечерате.
Држете ја чантата во раце
За формални настани, најдобро е да одберете мала чантичка која ќе можете да ја држите со двете раце пред вас, како што тоа го прави Кејт Мидлтон. Или, држете ја чантата со едната рака за другата да ви биде слободна.
Никогаш не ја ставајте чантата под рамото, на подот или на масата.
Седете во правилна позиција
Постои позиција на седење која ја нарекуваат „Duchess Slant“. Оваа позиција се смета за елегантна кога треба подолго време да седите и да изгледате дамски. Седнете исправено, колената треба да бидат споени, и стапалата треба исто така да бидат споени и спуштени на подот.
Друга варијанта на седење е „Cambridge cross“ во која стапалата се прекрстени.