20 фотки од познати личности направени непосредно пред нивната смрт
Џим Морисон (27 години)
Последната фотографија од Џим Морисон е направена од неговиот пријател, во малото село Сен Лод-Есен. На тој ден умрел и Морисон од инфаркт во бањата во изнајмениот апартман како резултат од предозирање со хероин.
Ејми Вајнхаус (27 години)
На фотографијата се гледа како познатата пејачка се шета во близина на нејзината куќа во Северен Лондон една недела пред нејзината смрт. На 23 јули 2011, таа е најдена мртва во нејзиниот апартман. Нивото на алкохол во крвта било 5 пати над максимално дозволеното ниво.
Џими Хендрикс (27 години)
Последната фотографија од Хендрикс е еден ден пред неговата смрт. Утрото на 18 септември 1970 пронајден е мртов во хотел во Лондон. Гитаристот и големиот музичар умрел во кревет задушен од повраќаница откако претходно испил 9 апчиња за спиење.
Алберт Ајнштајн (76 години)
Фотографијата е направена во март 1955 во куќата на Ајнштајн во Принстон, еден месец пред неговата смрт од анеуризам на аортата.
Дејвид Боуви (69 години)
Овие фотографии се направени три дена пред смртта на британскиот музичар. Дејвид Боуви почина на 10 јануари 2016 откако една и пол година се бореше се рак на црниот дроб.
Тупак Шакур (25 години)
Последната фотографија од Тупак Шакур е додека е во автомобилот со неговиот менаџер, токму пред да биде застрелан на 13 септември 1996.
В.И. Ленин (53 години)
Последната фотографија од Ленин во 1923 е со неговата сестра Ана од левата страна и неговиот доктор од десната страна.
Елвис Присли (42 години)
На фотографијата е Елвис Присли којшто си доаѓа дома на 16 август 1977 враќајќи се од забар. Вечерта потоа умира од инфаркт.
Џејмс Дин (24 години)
Последната фотографија од Џејмс Дин е на бензинска станица застанат до неговото Порше. Тој се возел со поршето само 9 дена пред да загине во сообраќајката.
Робин Вилијамс (63 години)
Фотографијата ја има поставено Робин Вилијамс на својот Инстаграм профил, 20 дена пред неговата смрт. Тој боледуваше од деменција со Луи тела.
Како резултат на таквата болест не можеше да живее нормален живот: да размислува, спие, да остане буден, да верува во тоа што го гледа, да се движи или да биде среќен.
Големиот актер тоа не можеше да го издржи повеќе и затоа се самоуби.
(О)Милена | Црнобело