20 фотки од познати личности направени непосредно пред нивната смрт
- Детали
- недела, 15 октомври 2017
Идоли на милиони луѓе, генијални личности, популарни лица – понекогаш не ни помислуваме дека сите тие се само обични луѓе и дека и тие како и сите други, не се бесмртни.
Погледнете ги последните фотографии на овие 20 познати личности, коишто биле фотографирани само неколку дена пред да отидат во вечноста:
Фреди Меркјури (45 години)
Ова е фотографија пред смртта на пејачот на Квин во 1991. Дента пред да почине од бронхопневмонија предизвикана од сида даде изјава во која до последниот ден од својот живот, музичарот ги негираше сите гласини за неговата болест.
Стив Џобс (56 години)
Стив Џобс умре во својот дом опкружен со роднините. Неговите последни зборови беа: „Ох уау! Ох уау! Ох уау!“, неколку часа подоцна тој почина од рак на панкреасот.
Хит Леџер (28 години)
На сликата го гледаме Хит Леџер којшто се смее на сцената додека ја изведува својата последна улога во филмот „Имагинариумот на Доктор Парнасус“, само неколку денови пред да биде пронајден мртов.
Почина од акутна интоксикација предизвикана од заедничка реакција на наркотици, хипнотици и антидепресиви.
Мохамед Али (74 години)
Мохамед Али повеќе од 3 декади се бореше со Паркинсоновата болест. На 2 јуни 2016 беше хоспитализиран со здравствени проблеми предизвикани од белите дробови. Следниот ден умре од септички шок којшто беше предизвикан од неидентификувани природни последици.
Честер Бенингтон (41 година)
Неколку дена пред неговата смрт, пејачот на бендот Линкин Парк, работел во студио со раперот којшто го објави твитов со неговата последна фотографија. Четири дена подоцна Честер Бенингтон беше најден во неговиот апартман обесен како резултат на самоубиство.
Курт Кобејн (27 години)
Џеси Фроман го има направено овој серијал на фотографии во 1994, неколку дена пред Курт Кобејн да се самоубие. Според една верзија на истрагата, Курт Кобејн си инјектирал преголема доза хероин и потоа се застрелал со пушка. Сепак постојат и шпекулации дека се работи за убиство.
Боб Марли (36 години)
Ова е последната фотографија од Боб Марли колку што е познато. Фотографиран е во разговор со фамилијата. Во тоа време музичарот имал само 35 килограми. Марли почина од рак (малигна меланом) на 11 мај 1981.
Марк Твен (74 години)
Фотографијата од славниот писател е направена 10 дена пред смртта на Семјуел Клеменс, познат низ целиот свет како Марк Твен. Во подоцнежните години писателот бил во депресија, но во лажниот некролог пуштен во Њујорк Тајмс тој се шегува со познатата фраза: „Гласините за мојата смрт се во голема мера преувеличени.“
Една година пред неговата смрт тој изјавил: „Дојдов во 1835 со Халеевата комета, а за една година таа пак ќе биде на небото и очекувам дека и со неа ќе си заминам.“ Така и се случи, а писателот умре од ангина пекторис.
Џон Ленон (40 години)
Џон Ленон е застрелан само 4 часа откако е фотографирана оваа фотка. Од неговата лева страна е неговиот убиец, Марк, Дејвид Чепмен, кој успеал да земе и автограм од основачот на Битлси пред немилиот настан.
Махатма Ганди (78 години)
Махатма Ганди ја проповедаше филозофијата на ненасилство. Џон Ленон има напишано: „Единствениот сигурен начин на којшто можеме да се избориме за мир е начинот на Ганди.“ Ганди одел на молитва во времето кога неговиот убиец го застрелал во гради.